Караџовски е нов кошаркар на Куманово

18.02.2015 11:48 | KumanovoNews

Димитар Караџовски е нов кошаркар на КК Куманово. Денеска тој ги добил потребните документи за напуштање на Фени индустри, по што се сели во тимот на Куманово.

Караџовски е нов кошаркар на Куманово

Караџовски е искусен плејмејкер, и заедно со Костовски сигурно ќе го сочинуваат еден најдобрите тандеми во организацијата на играта во домашното првенство.

Во Фени Индустри оваа сезона забележуваше во просек 11.1 поен по натпревар, 4.5 асистенции и 3.8 скока по натпревар.

Предходно настапуваше за Кожув, Торус, Пелистер и Рилски Спортист од Бугарија.

Тој своето деби ќе го има овој викенд во натпреварите од Купот на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk