Караџовски останува меѓу кумановчани

12.08.2015 17:44 | KumanovoNews

Еден од клучните кошаркари минатата сезона, и играчот кој направи огромна разлика по неговото доаѓање Димитар Караџовски, останува во Куманово и следната сезона.

Караџовски останува меѓу кумановчани

Караџовски требаше да биде огромно засилување пред елиминацискиот дел во БИБЛ лигата, меѓутоа поради несмотреност на челниците на клубот, тој не успеја да помогне во оваа натпреварување.

Првиот дел од сезоната го одигра во Фени Индустри, а за Куманово за 32 минути на паркетот постигнуваше 10,63 поени, 4,16 скока и 5,8 асистенции по натпревар.

Вукашин Мандиќ, Александар Костовски, Урош Луковиќ, Димитар Караџовски, Ентони Ли Инграм, Игор Бјелиќ, Марјан Јанески и Миодраг Тодоровиќ се играчите кои ќе играат за Куманово следната сезона. Останува да видиме со кои кошаркари ќе биде пополнет ростерот на тимот на Куманово 2009.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk