Караванско возење низ Кумановско-Козјачкиот регион

08.10.2022 00:46 | Жаклина Цветковска

Offroad Куманово, по повод празникот „11 Октомври“, организира еднодневната каранска тура низ Кумановско-Козјачкиот регион.

Караванско возење низ Кумановско-Козјачкиот регион

Љубителите на адреналинското возење и годинава ќе имаат можност да уживаат во атрактивната рута, која започнува од Младо Нагоричане, преку Драгоманце, Степанце, Жегљане, Малотино, Мглинце, Буковљане, Цветишница,Рамно, Длабочица, Герман, па се до Пклиште. Патеката е долга околу 70 км и минува низ нестандардни патишта и живописни предели.

Offroad Куманово ги повикува сите што поседуваат 4x4 возило, крос или атв и се љубител на овој спорт да се приклучат на аденалинското доживување.

Збирното место е кај хотел „Сателит“, Куманово , на 11 октомври. Во 8 часот се доделуваат редни броеви, а во 9 часот се означува стартот.

Возењето е од слободен карактер, без котизација, спонзорство и организации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk