Кармело Ентони го уништи Мајами

03.04.2013 08:35 | KumanovoNews

На двата дерби дуели од синоќешната програма во НБА лигата подобри беа Њујорк Никс од Мајами Хит, како и ЛА Лејкерс од Далас Маверикс, додека Вашингтон го изненади Чикаго.

Кармело Ентони го уништи Мајами

Освен што претходно ја прекина победничката низа од 27 натпревари, актуелниот шампион Мајами беше совладан и на свој терен. Синоќа доминираше Њујорк Никс победувајќи со 102-90. Од 102 поени, дури 50 беа дело на најдобриот кошаркар на Никси, Кармело Ентони кој на најдобар начин го искористи отсуството на Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Марио Чалмерс.

Џеј Ар Смит постигна 14 поени, додека Рејмонд Фелтонб уфрли десет поени и девет асистенции. Кај домашните најдобар беше Крис Бош со 23 поени, а 18 поени уфрли Мајк Милер.

ЛА Лејкерс убедливо славеа над Далас со 101-81, со одлична партија на Двајт Хауард кој забележа „дабл-дабл“ од 24 поени и 12 скока. Веднаш зад него беше Коби Брајант со еден поен и еден скок помалку, додека Ерл Кларк заврши со 17 поени и 12 скока.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk