Катастрофален натпревар за Пласман на СП во Бразил

16.10.2013 09:36 | KumanovoNews

Македонската фудбалска репрезентација доживеа катастрофален пораз од Србија на квалификациите за Светското првенство во Бразил.

Катастрофален натпревар за Пласман на СП во Бразил

Нашата репрезентација во Јагодина одигра безнадежно против екипата на Србија и уште во првите десет минути се насетуваше високиот пораз кој репрезентацијата на Србија ни го нанесе.

Резултатската разлика беше 5:1, а на полувремето отидовме со три гола разлика, 3:0.

Во македонската екипа позитивен резултат постигна само голманот Пачовски иако прими пет гола, и Јаховиќ кој одигра само 10-тина минути од натпреварот, но барем покажа голема желба за победа.

Првиот гол на квалификациите за СП го постигна Јаховиќ во 83. минута.

Репрезентацијата на Македонија, квалификациите на Светското првенство во Бразил ги заврши на последното место што е и најлош пласман во еден квалификациски циклус.

Синоќа се одиграа и другите два дуела од оваа група од 10.коло. Шкотска пред своите навивачи ја совлада Хрватска со 2:0, додека Белгија на свој терен одигра 1:1 со Велс.

Табела: Белгија 26 бодови, Хрватска 17, Србија 14, Шкотска 11, Велс 10, Македонија 7. Од оваа група Белгија оди директно на СП, Хрватска ќе игра бараж.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk