Киелце повторно енигма за Металург

22.04.2013 08:27 | KumanovoNews

Македонскиот ракометен шампион Металург вчера во преполниот СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од полскиот пртеставник Киелце со 25:27 во првиот 1/4 финален дуел од ЛШ и значително ги намали шансите за пласман на завршниот турнир во Келн.

Киелце повторно енигма за Металург

И покрај предноста од три голови што „металурзите“ ја имаа неколку пати во текот на првите 30 минути сепак гостите од Полска се изборија на пауза да отидат со нерешен резултат 13:13.

 Во второто полувреме Киелце во 40 минута  водеше со 18:16, а во 47-та имаше и плус четири (21:17). До крајот домашниот тим одигра поборбено и успеа да ја преполови предноста на Киелце.Металург настапи ослабен без неколку повредени ракометари.

Најефикасни во Металург беа Наумче Мојсовски со шест и Ренато Вугринец со пет погодоци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk