Кик бокс клубот „Куманово 2006“ освои сребро на државно првенство

22.09.2015 13:34 | KumanovoNews

Кик бокс клубот „Куманово 2006“ викендов на државно првенство во Скопје во дисциплините лоу кик и к1 изборно за светско првенство кое ќе се одржи во Белград, се закити со сребен медал.

Кик бокс клубот „Куманово 2006“ освои сребро на државно првенство

Медалот го доби Филип Наковски во лоу кик во категорија до 80 кг.

Салата беше претесна да ги собере сите љубители на оваа боречка вештина. Учество зедоа повеќе клубови од Македонија и кик бокс клубот „Куманово 2006“ со свои натпреварувачи. Филип Наковски борејќи се храбро и пожртвувано во тешка борба, стигна до медалот, а во финалето загуби од поискусниот натпреварувач Димитар Георгиев од Неготино. Јас како тренер сум задоволен од медалот и од тоа што го претстави клубот и градот во убаво светло - изјави Сашо Илиевски, тренер и претседател на клубот.

Илиевски се надева дека брзо ќе се реши снабдувањето со електрична енергија во Спортската сала за да можат спортистите нормално да тренираат, и се заблагодарува на градоначалникот Зоран Дамјановски и Општинскиот сојуз на спортови за поддршката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk