Кире Лазаров со гол во последните секунди го однесе Атлетико во четвртфинале

25.03.2013 09:49 | KumanovoNews

Кире Лазаров со гол во последните секунди од мечот му донесе победа на Атлетико Мадрид против Берлин и пласман во четвртфиналето во ЛШ.

Кире Лазаров со гол во последните секунди го однесе Атлетико во четвртфинале

По тешката сезона преполна со многу повреди, психолошки моменти, падови и подеми, конечно Атлетико Мадрид издвојува победа која може да биде пресвртница во сезоната. Јунаците на успехот Кирил Лазаров и Хозе Хавиер Омбрадос, кои и приватно се многу добри пријатели, заедно го славеа големиот успех среде Берлин, со пиво.

Капитенот на Македонија и капитенот на Атлетико Мадрид се добитна комбинација и со нив Атлетико Мадрид може да биде фаворит од сенка во завршните натпревари од Лигата на шампионите.

Погледнете го голот на Кире за победа на Атлетико Мадрид.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk