КК Куманово: Дали Македонија има само троица судии кои ги судат клучните натпревари

25.05.2016 15:51 | KumanovoNews

КК Куманово денеска излезе со соопштение во кое прашува дали во Македонија има троица судии кои ќе ги судат сите клучни натпревари во домашното првенство.

КК Куманово: Дали Македонија има само троица судии кои ги судат клучните натпревари

Протестот се однесува на Марјан Мицевски кои досега ги судеше сите финални натпревари. Александар Милојевиќ се најде два пати во финалето а по еднаш правдата ја делеа Игор и Зоран Митровски, Алија Феревски и Александар Павлов.

Соопштението на Куманово го пренесуваме во целост.

„Управата на КК Куманово, како и сите поддржувачи на клубот и љубители на спортот и кошарката во Куманово, се згрозени од однесувањето на Комисијата за натпреварување во делот на делегирањето на судии за натпреварите од плејофот на кошаркарското првенство на Македонија.
Се прашуваме дали во Македонија има само тројца судии кои можат да ги судат сите клучни натпревари на крајот на сезоната, од кои двајца се т.н. 'буџетари' односно директно зависат од однесувањето на централната власт во државата, а на сите ни е јасно дека политиката има силно влијание во македонската кошарка, без на ниту еден начин да го оспориме квалитетот на МЗТ Скопје, нивниот состав и игра.
Сметаме дека е крајно време Комисијата за натпреварување да излезе со јасен став за ваквото свое однесување и да даде образложение за ваквите свои одлуки, а се со единствена цел истите да не се повторуваат во интерес на унапредување на кошарката во Македонија“

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk