КК Куманово доби потврда за учество во ФИБА Европа купот

16.07.2021 08:24 | Стефан Николиќ

Екипата на КК Куманово во наредната сезона ќе се натпреварува во Фиба Европа купот. 

КК Куманово доби потврда за учество во ФИБА Европа купот

Според фејсбук објавата на спорскиот директор на клубот, Дарко Петковски тимот следната сезона заедно со ТФТ од Скопје ќе учестуваат во второто по квалитет натпреварување организирано од ФИБА.

Засега таму се наоѓаат тимови од Австрија, Холандија, Бугарија, Чешка, Италија, Унгарија, Полска, Турција и Португалија. 

Податоците за тимовите се запишани на Википедија, а нема официјална потврда на страната на Фиба Европа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk