КК Куманово доведе тренери, остана без кошаркари

25.11.2021 13:03 | KumanovoNews

Поради неисплатени примања, кошаркарите во составот на КК Куманово започнаа со штрајк кој ќе трае се додека не бидат исплатени сите долгови кон нив. 

КК Куманово доведе тренери, остана без кошаркари

Според неофицијални информации играчите ги немаат добиено своите плати од почетокот на сезоната, а на некои од нив се должат и последните примања од минатата сезона. 


Реакција на управата на клубот на лошите игри на теренот беше со смена на тренерската позиција што наговестуваше стабилизација на клубот, но сега клубот остана и без кошаркари. 
Најзвучното засилување на клубот, Џонатан Холмс повеќе не е дел од клубот.


Во прилог на Куманово му оди тоа што оваа недела е репрезентативниот ФИБА прозорец за квалификациите на Светскиот Куп 2023, па управата ќе има некој ден повеќе во изнаоѓање на решение на оваа деликатна ситуација. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk