КК Куманово го игра првиот Куп натпревар

11.01.2014 12:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денеска во 17 часот на гостински терен го играат првиот натпревар од Куп-двомечот против второлигашот Т-баскет од Тетово.

КК Куманово го игра првиот Куп натпревар

Со овој натпревар Куманово ја отвара новата година, а Куманово 2009 следниот натпревар го игра веќе во вторник против екипата на Крајова.

Оваа година нашиот град ќе има два претставника во Куп натпреварите. Тимот на КСК 2013 следната сабота ќе игра против тимот на Струмица на домашен терен, а во истиот ден ќе се одигра и реваншот од натпреварот Т-баскет - Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk