КК Куманово го пречекува Теодо

20.01.2015 14:36 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре го играат првиот натпревар на домашен терен во новата година.

КК Куманово го пречекува Теодо

Ова е трета година по ред како Куманово и Теодо се сретнуваат во рамките на регионалното натпреварување. Досега меѓусебе имаат одиграно пет натпревари во кои кумановчани победиле на 4 натпревара, а Теодо само на еден.

Во последниот дуел, Куманово на гостински терен победи со резултат 70-74.

Иако традицијата е на страната на Куманово, сепак Теодо не е наивна екипа и никако не смееме да му пишеме два бода на домаќинот однапред.

Теодо во последните два натпревари во БИБЛ, забележа победи против тимот на Пеќ и Рилски Спортист.

Куманово доколку забележи победа веќе може со сигурност да смета на следната фаза од натпреварувањето во рамките на регионалната лига.

Натпреварот започнува во 19 часот, во Спортската сала во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk