КК Куманово го пречекува Вардар, Бал фор Лајф домаќин на Борец Баскет од Велес

24.02.2017 11:19 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот играат против екипата на Вардар во рамките на Првата кошаркарска лига.

КК Куманово го пречекува Вардар, Бал фор Лајф домаќин на Борец Баскет од Велес

Екипата на Вардар сеуште нема победа во домашното натпреварување и сигурно ги очекува тешко гостување во Куманово. Кумановчани имаа два тешки натпревари против Фени и Пеќ каде што забележа победи, па во овој и следниот натпревар против Струмица, сигурно ќе се обидат да го рехабилитираат тимот од густиот распоред, и што подобро да се подготват за полуфиналето од БИБЛ лигата и Суперлигата каде што сигурно ќе биднат учесници.

Натпреварот се игра во сабота во Спортската сала со почеток во 19 часот.

Бал фор Лајф ќе се обиде на домашен терен да се врати на победничката патека, каде што ја пречекуваат екипата на Борец Баскет од Велес. Тимот на Велес е голем должник на кумановчани, и во првиот натпревар меѓу овие два тима велешани триумфираа со 75:63. Кумановчани со победа ќе ја забележат шесттата победа во сезоната против директниот конкурент за пласман во повисок ранг. Од клубот ги повикуваат сите љубители на кошарката да дадат подржка на кумановскиот состав и да биднат нивниот шестиот играч.

Натпреварот се игра во недела во салата Панко Брашнаров во населба Карпош со почеток во 15 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk