КК Куманово ја надигра Крајова

22.10.2013 18:03 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово ја забележаа првата победа и во БИБЛ лигата одкако издвојуваа победа над романскиот претставник Крајова со резултат 73:60.

КК Куманово ја надигра Крајова

Неизвесност на натпреварот имаше во првите 5 минути кога резултатот на натпреварот беше 8:6. Од тој момент тимот на Куманово прави серија во која до крајот на првата четвртина Куманово имаше 23 поени а гостите од Романија завршија со 7 поени.

Домашниот состав одигра рутинирано во втората четвртина, па на полувреме резултатот беше 35:21 во корист на домаќиот. Мандиќ и Мишковиќ комбинирано постигнаа 25 поени во првото полувреме и беа нерешлива енигма за тимот на Крајова.

Натпреварот продолжи во ист ритам, а мала криза во играта на Куманово имаше по почетокот на четвртиот период кога по неколку тројки на играчите од Крајова стигнаа на 10 поени разлика.

Сепак Куманово доста зрело го приведе натпреварот кон завршницата, тимот играше одлична одбрана во текот на мечот и немаше проблем да триумфира на денешниот натпревар.

Најефикасни поединци на натпреварот беа Вукашин Мандиќ и Иван Мишковиќ со по 19 поени. Кај гостите Мирко Ковач постигна 11 поени.

Следниот натпревар тимот на Куманово 2009 го игра на гостински терен против екипата на Работнички од Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk