КК Куманово поразено од Кожув

29.10.2011 20:16 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово го доживејаа и вториот пораз оваа сезона. Екипата на Кожув ја искористи предноста на домашен терен и победи со резултат 95:84.

КК Куманово поразено од Кожув

Екипата на Кожув имаше водство во текот на целиот натпревар, и  успеја тоа да го  искористи и да ја забележи првата победа во новата сезона. Очигледно дека нешто не функционира во составот на Куманово, па и во третиот натпревар статистиката покажува дека кумановчани имаат само три стабилни играчи во ротација. По овој пораз крајно време е управата и стручниот штаб да интрвенираат доколку сакаат да се пласираат во Супер-лигата.

 На натпреварот најуспешни беа: Милан Јанушевиќ со 26 поени, Немања Јелисијевиќ со 19 и Дејан Микиќ со 20 поени. Тие беа повторно единствените разиграни играчи во составот на Куманово. Дарко Матиќ кој минатата сезона заврши како најдобар стрелец во екипата постигна само 5 поени, и дефинитивно не се снаоѓа најдобро во составот на Луковиќ. Младеновиќ (7), Калов (5) и Виларов (2) го надополнуваат сивилото на Куманово.

Во победничкиот состав Бојан Томашевиќ е најефикасен со 24 поени, а подршка имаше до Петковиќ(21), Вулиќ(18) и Буха(11).

Наредниот натпревар Куманово го игра во среда на домашен терен, против најтрофејниот македонски клуб Работнички од Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk