КК Куманово сигурно на домашен терен

07.12.2011 22:14 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Куманово забележа нова победа на домашен терен, против екипата на Кожув од Гевгелија. Конечен резултат на натпреварот беше 76:68.

КК Куманово сигурно на домашен терен

Куманово имаше добро отворање на натпреварот, и ефикасна прва четвртина. Пред крајот на првата, и почетокот на вториот период следуваше мал пад во играта на Куманово, па Кожув ја намали најголемата разлика во тој период од мечот кој изнесуваше 9 поени разлика. На полувреме гостите заминаа со предност од 2 поени.

По паузата на полувреме, следуваше цврст меч во кој се играше кош за кош. Опасно изгледаа ситуациите кога играчите на Кожув остануваа сами под кош, па делуваше дека лошата одбраната ќе резултира со негативен резултат.

Во последниот период работите тргнаа надобро за кумановчани, кога успејаа константно да ја зголемуваат предноста. Неколкуте успешни обиди за два и три поени направија Куманово да достигне 13 поени разлика.

Натпреварот заврши со конечен резултат 76:68.

Најефикасни поединци беа Дејан Микиќ со 20 поени и 10 скока, и Александар костовски со 15 поени. Кај Кожув најдобра игра пружи Душко Домовиќ со 20 поени и Мирко Голубовиќ со 15 поени.

Следниот натпревар Куманово го игра против Работнички на гостински терен .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk