КК Куманово со две засилувања против Торус СЦБТ

26.11.2011 13:09 | KumanovoNews

Марјан Јаневски е нов член на КК Куманово, кој би требало да претставува големо засилување под кошевите. 23.годишниот играч уште денеска би можел да дебитира против својот поранешен клуб.

КК Куманово со две засилувања против Торус СЦБТ

Филип Брукс е играчот кој би можел да го има својот прв настап во дресот на Куманово. Поранешниот играч на АБА Струмица, беше поврзуван со трансфер во Интер Братислава, но според последните информации тој би можел да стане нов играч на Куманово.

Натпреварот против Торус СЦБТ започнува во 17 часот, а ќе има и директен пренос на Канал 5 телевизија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk