КК Куманово: Справете се со хаосот во кошарката

16.11.2016 15:16 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Куманово денеска издаде соопштение во кое го критикува доцнењето на првата кошаркарска лига и односот на МКФ кон клубовите.

КК Куманово: Справете се со хаосот во кошарката

Куманово најави дека ќе го испитаат своето учество поради големите трошоци кои се направени, без да одиграат ниту еден првенствен натпревар.

Соопштението го пренесуваме во целост:

На денешната седница  на дневен ред ќе биде одлуката на управниот одбор на кошаркарскиот клуб Куманово 2009 за учество во претстојното првенство.
Поради ригидното однесување на претседателот и управниот одбор на МКФ, со чудни и парадоксални одлуки и држење во заложништво на целата македонска кошарка и отпочнување на првенството кое доцни скоро два месеци,а клубовите направија енормно високи трошоци, без одигрување на ниту еден натпревар, ние го испитуваме нашето учество во натпреварите во прва лига.
Поради целата лакрдија, дрскост, непринципиелност и одлуки што немаат ништо заедничко со спортот, туку исклучиво со финансиските интереси на раководството на МКФ, упатуваме апел до сите релевантни фактори во Република Македонија и спортските клубови и здуженија што поскоро да се справат со спортскиот хаос што се случува во кошарката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk