КК Куманово утре игра против Галил Гилбоа

04.03.2014 11:21 | KumanovoNews

Кошаркарите на КК Куманово 2009 утре и гостуваат на екипата на Галил Гилбоа од Израел.

КК Куманово утре игра против Галил Гилбоа

Кумановчани се наоѓаат во лоша серија во пролетниот дел од БИБЛ лигата. После петте последователни порази во овој дел од првенството, Куманово се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Покрај гостувањето кај шампионот во регионалното натпреварување, на Куманово му преостануваат уште два натпревари до крајот на регуларниот дел од првенството.

Во следното коло, Куманово ја пречекува екипата на Левски, а недела после тоа игра против екипата на Кожув.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk