КК Куманово утре игра против Водњански Лисици

06.03.2015 12:26 | KumanovoNews

Екипата на Куманово утре во 15 часот игра против последнопласираната екипа на Водњански Лисици.

КК Куманово утре игра против Водњански Лисици

Куманово во минатото коло беше поуспешен од тимот на Фени Индустри, а победничката серија ќе мора да ја продолжи против тимот кој оваа сезона има само една победа во Првата лига.

Овој лесен натпревар доаѓа во вистинско време, доколку сметаме дека екипата треба да се фокусира на натпреварот од БИБЛ лигата против Рилски Спортист, па пристигнува Работнички во Спортската сала следниот викенд.

По тој натпревар со Работнички, останува уште едно коло до крајот на Прва лига каде што Куманово ќе игра против МЗТ Скопје Аеродром.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk