КК Михајловски утре гостува во Гевгелија

14.11.2014 16:16 | KumanovoNews

Кошаркарите на „Михајловски“ утре во Гевгелија ќе се обидат да забележат нова значајна победа против тимот на Бест.

КК Михајловски утре гостува во Гевгелија

Екипата од Гевгелија се наоѓа на предпоследната позиција на табелата, меѓутоа тоа не говори до крај за нејзиниот квалитет. Како и Михајловски и тие имаа тежок распоред, и доживејаа два пораза на стартот од првенството, од досега единствената непоразена екипа, и Вардар Апаве. Минатото коло Бест беше слободен, така да сигурно е фокусиран на овој дуел против „Михајловски“, и ќе се обидат на домашен терен да ја забележат првата победа во сезоната.

Михајловски засега успејаа да извојвуваат две победи против Пелистер и Вардар, така да сигурно целта и на овој натпревар ќе биде победа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk