КК Михајловски во сабота го пречекува Пелистер

23.10.2014 15:24 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Михајловски после успешниот настап минатата сезона во Трета лига, оваа година ќе настапува во второто по квалитет, кошаркарско првенство во Македонија.

КК Михајловски во сабота го пречекува Пелистер

Новата сезона „Михајловски“ ќе ја започнат на домашен тернен против тимот на Пелистер. Натпреварот ќе се игра во сабота во Спортската сала, со почеток во 17:30.

Оваа година Втора лига ќе биде посилна во однос на предходните сезони. Македонската федерација се обидува да направи реорганизација, да најде генерален спонзор и да го дигне квалитетот на лигата - изјави Саша Дејановиќ, тренер на КК Михајловски.

Како и минатата сезона, тимот е составен од играчи родени 1995/1996 година, а оваа година е надополнет со 3 кошаркари кои настапуваа минатата година за КСК Куманово. Според тренерот Дејановиќ, тимот успешно ги завршил подготовките и е спремен за новата сезона.

Амбициите на клубот ќе бидат опстанок во Втора лига. Правилото со шест странци ќе направи многу домашни квалитетни играчи да го загубат своето место во тимовите и тие да играат во Втора лига. Фактот дека и во овој ранг на натпреварување има правило да можат да играат два странски играчи, ќе ги направи составите поквалитетни - додаде Дејановиќ.

Дејановиќ прецизираше дека во неговата екипа се наоѓа иднината на кумановската кошарка.

Ги повикувам сите љубители на кошарката да дојдат и да дадат подршка на оваа млада екипа, која претставува иднината на кумановската кошарка - заклучи Дејановиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk