Клатенбург обвинет за расизам

29.10.2012 09:06 | KumanovoNews

И покрај многуте контроверзии на мечот Челзи - Манчестер Јунајтед, од денеска се појави нов скандал во врска со судијата на овој меч Марк Клатенбург. Имено тој е обвинет за расизам.

Клатенбург обвинет за расизам

По завршувањето на натпреварот, Роберто Ди Матео го обвини судијата дека неговите одлуки биле клучни за победата на Јунајтед. Челзи упати и официјална жалба за однесувањето на судијата. лондонскиот клуб го обвинува Марк Клатенбург дека навредил двајца нивни фудбалери.

Доставивме жалба до делегатот на натпреварот поради употреба на навредлив јазик од судијата кон двајца од нашите фудбалери во два одвоени инциденти за време на натпреварот - стои во соопштението на Челзи.

Медиумите во англија пишуваат дека тој го навредил Оби Микел на расистичка основа, одкако играчот побарал објаснување за жолтиот картон. Неколку соиграчи на Микел кои биле блиску до судијата се спремни да сведочат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk