Коби и Леброн предводници во гласовите за „Ол Стар“

04.01.2013 11:28 | KumanovoNews

По завршениот трет круг гласање за Ол стар натпреварот, Коби Брајант и Леброн Џејмс ги предводат екипите на западот односно истокот со намногу гласови.

Коби и Леброн предводници во гласовите за „Ол Стар“

Брајант (ЛА Лејкерс) досега добил вкупно 1.177.456 гласови, додека за Џејмс (Мајами) својот глас го дале 1.151.304 фанови.

Меѓу стартерите на западот најверојатно ќе се најдат уште Двајт Хауард, Крис Пол, Блејк Грифин и Кевин Дурант.

Петорката од истокот ја сочинуваат Двен Вејд, Ражон Рондо, Кевин Гарнет и Кармело Ентони.

Конечните резултати од гласањето ќе бидат објавени кон средината на овој месец, „Ол Стар“ натпреварот ќе се одигра на 17 февруари во Хјустон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk