Комплетирани четвртфиналните двојки на Светското првенство во ракомет

22.01.2013 09:43 | KumanovoNews

Со двата осминафинални натпревари одиграни синоќа, беа комплетирани четвртфиналните двојки на 23-тото Светско првенство во ракомет што се одржува во Шпанија.

Комплетирани четвртфиналните двојки на Светското првенство во ракомет

Во четвртфиналето утре ќе играат: Германија – Шпанија и Франција – Хрватска во Сарагоса, додека Русија – Словенија и Данска – Унгарија ќе играат во Барселона.

На синоќа одиграните осминафинални натпревари беа постигнати следниве резултати: Хрватска – Белорусија 33:24, Унгарија – Полска 27:19, Шпанија – Србија 31:20 и Словенија – Египет 31:26.

Првите четири дуели од осминафиналната фаза завршија со резултат: Македонија – Германија 23:28, Франција – Исланд 30:28, Данска – Тунис 30:23, Русија – Бразил 27:26.

За четвртфиналистите денеска е слободен ден.

Во Гвадалахара се играат натпревари од „Президент купот“: Аргентина – Катар 30:26, Саудиска Арабија – Алжир 24:28, Црна Гора – Чиле 35:31 и Јужна Кореја – Австралија 36:14.

Според тоа утре во борба за пласман ќе играат: Чиле – Австралија (за 23.место), Црна Гора – Јужна Кореја (за 21.место), Катар – Саудиска Арабија (за 19.место) и Аргентина – Алжир (за 17.место).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk