Корнер победник на Турнирот во мал фудбал во Којнаре

02.06.2011 08:00 | KumanovoNews

 Екипата на Корнер е годинешен победник на Мајскиот турнир во мал фудбал што се одржа во Долно Којнаре.

Корнер победник на Турнирот во мал фудбал во Којнаре

Второ место и припадна на екипата на Вуиновиќ, а трети беа Глечери. За најдобрите екипи пехари и дипломи им врачи градоначалникот Зоран Дамјановски, и кадндидатите за пратеници Оливер Спасовски и Мартин Костовски.

Турнирот се одржува 11 години по ред,а оваа година учествуваа 20 екипи од општината. Вечерва во полуфиналето играат екипите на Глечер и Табановце, а во финалето Корнер и Вујиновиќ. Имавме јаки екипи и гледачите уживаат во добар фудбал-рече Добрин Петрушевски член на организациониот одбор.

Организатор на турнирот е месната заедница Долно Којнаре, подпомогната од градоначалникот и Советот на Општината.

Финалните натпревари на игралиштето во Долно Којнаре ги проследија и кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата од втората изборна единица.

Дојдовме тука да пратиме пораката дека спортскиот живот, и вклучување на младите во спортскиот живот ќе бидат приоритет на новата влада на СДСМ.И во нашата изборна програма е запишано дека ќе посветиме големо внимание на здравјето на младата популација и развојот на спортот-рече Спасовски. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk