Кошарка и ракомет овој викенд

26.11.2010 12:56 | KumanovoNews

Нов спортски викенд во Куманово. Ракометарите овој пат на ја пречекуваат екипата на Вардар ПРО, а кошаркарите се домаќини на Овче Поле.

Кошарка и ракомет овој викенд

Покрај Металург, Вардар ПРО е главниот фаворит за освојување на шампионската титула. Бидејки кошаркарите овој пат играат во недела, терминот како и салата во која ќе се одиграат натпреварите сеуште не е позната. Куманово со 6 бода се наоѓа на 5. позиција на табелата, додека Вардар е втор со 21.

Најинтересниот дуел на 10. коло во кошаркарската лига се игра во Куманово. Кошаркарите на Куманово во недела(19ч), ја пречекуваат екипата на Овче Поле. Ова е втор дуел на двете екипи, одкако во првото коло Овче Поле беше поуспешен со 94:83. Натпреварот е закажан во недела поради телевизискиот пренос на А2 телевизија. За да се избегнат инциденти на натпреварите на вчерашното Здружение на прволигаши донесена е одлука со која се забранува присуство на гостински навивачки групи на натпреварите од кошаркарското првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk