Кошаркарите ги чекаат нови предизвици

25.06.2012 12:18 | KumanovoNews

Лестер Бо Мекејлеб ќе се приклучи на репрезентативниот состав на Атланта. Тој вчера се видел со нашите репрезентативци, но не настапил во дуелот со комбинираниот универзитетски тим.

Кошаркарите ги чекаат нови предизвици

Се очекува Мекејлеб да настапи во црвено - жолт дрес на двата меча со Порторико на 27 и 28 месецов во Сан Хуан, а  тоа ќе биде последен филтер пред одењето за Каракас. Македонската репрезентација во Порторико ќе игра два пријателски натпревари, а во Венецуела на 2 јули ќе игра против Ангола.

Вкупно 12 селекции ќе си ги одмерат силите во главниот град на Венецуела. Тие ќе бидат поделени во четири групи, а најдобрите три репрезентации ќе се пласираат на Летните олимписки игри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk