Кошаркарите во недела го започнуваат пролетното првенство - им гостува Чаир

23.01.2026 11:58 | KumanovoNews

Кошаркарите на МКК Куманово се враќаат на паркетот во недела, по кратката пауза и подготовките за продолжението на првенството.

Кошаркарите во недела го започнуваат пролетното првенство - им гостува Чаир

Кумановци ја продолжуваат сезоната со натпревар на домашен терен, во Спортската сала во Куманово ќе ја пречекаат екипата на Чаир 2030. Во продолжението на сезоната влегува од четвртата позиција на табелата, додека Чаир моментално се наоѓа на деветтото место.

Куманово забележа 7 победи и 4 порази по првиот дел од сезоната и со Пелистер и Кожув имаат ист скор. Тие се веднаш зад лидерите ТФТ и МЗТ од Скопје кои имаат скор од 10 победи и 1 пораз и делуваат недостижно од оваа перспектива. Маџари има 6 победи и 5 порази а Работнички е со скор 5-6, по што следуваат Феникс и Чаир со 4 победи и 7 порази. Долниот дел од табелата го потполнуваат Тиквеш, Гостивар и Ангели.

Дуелот Куманово – Чаир ќе се одигра со почеток од 18:00 часот, во Спортската сала во Куманово.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk