Кошаркарите и ракометарите викендов домаќини

10.12.2010 14:33 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре го играат еден од клучните натпревари оваа првенство. Во Спортската сала во Куманово ја пречекуваат екипата на АБА Струмица.

Кошаркарите и ракометарите викендов домаќини

Во првиот натпревар што го одиграа овие две екипи во Струмица, кумановчани загубија во последните минути од натпреварот со 82:77. Куманово се наоѓа на шестата позиција на табелата, а АБА е седма со исти скор, 3 победи и 7 порази.

Ракометарите на Куманово свој настап имаат во недела. После нерешениот резултат против Тинекс Пролет, кумановчани го пречекуваат В.В. Тиквеш. В.В. Тиквеш е трет на табелата со 19 бода, а Куманово е предпоследно со 7.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk