Кошаркарите ја чекаат групата за ОИ

31.01.2012 13:21 | KumanovoNews

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 22:30 часот во Каракас, Венецуела, ќе ги добие противниците за групата од квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон.

Кошаркарите ја чекаат групата за ОИ

Распределбата на репрезентациите е во три шешири каде што Македонија е носител. Во првиот шешир освен нашата репрезентација се наоѓаат и Грција, Русија и Литванија. Вториот шешир го сочинуваат Доминиканската Република, Порторико, Венецуела и Нов Зеланд, а третиот шешир е составен од Ангола, Нигерија, Јордан и Јужна Кореја.

Репрезентациите кои ќе ги освојат првите две места одат во четврт-финале, а потоа следува полуфиналето, финалниот натпревар и битката за трето место.

Првите три пласирани репрезентации обезбедуваат пласман на ОИ во Лондон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk