Кошаркарите ја стартуваа сезоната со пораз

19.10.2011 18:46 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово ја стартуваа новата сезона со пораз од екипата на Торус со резултат 88:82.

Кошаркарите ја стартуваа сезоната со пораз

Првиот период е главната причина за поразот на Куманово. Торус по првиот период имаше предност од 34:20, по што следуваше мал пад во играта. Куманово губеше и 17 поени разлика пред да се консолидира и да се врати во ритам, па на полувреме да губи со само 9 поени разлика.

Само пет играчи во двата тима постигнаа поени (не земајки ги Блажевски и Караколев кои постигнаа вкупно 5 поени), така да „петорката“ на Куманово немаше сили да направи пресврт против „петорката“ која настапуваше за Торус.

Најефикасни кај победникот беа Бојан Трајковски и Фил Торнер со 19 поени, а потоа следуваат Димчевски(18), Караџовски(15), и Рејнолдс(12) во ротација од 9 играчи.

Кај Куманово во листата на стрелците се запишаа Немања Јелисављевиќ(25 поени), Микиќ(18), Јанушевиќ(17), Матиќ(12) и Младеновиќ(10).

Следниот натпревар КК Куманово ќе го игра во сабота против екипата на Лирија во Спортската сала.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk