Кошаркарите ја забележаа првата победа

22.10.2011 19:53 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово ја остварија првата победа во новата сезона. На домашен терен ја совлада Лирија со резултат 91:83.

Кошаркарите ја забележаа првата победа

Натпреварот беше тесен и неизвесен во текот на сите 40 минути. По почетното водство на Лирија, Куманово успеја да фати приклучок и да го намали најголемото водство на Лирија кое изнесуваше 9 поени. Во второто полувреме Куманово почна да ја топи разликата, која на средина на третиот период изнесуваше 4 поени. Дискутабилните судки одлуки ја напнаа атмосферата во Спортската сала во Куманово, па на домаќинот му претеше прекинување на мечот и празнење на салата. Милан Јанушевиќ и Немања Јелисијевиќ беа креаторите на пресвртот во Куманово, кои постигна 24 односно 13 поени. Подршка имаа од разиграните Костовски(15), Микиќ(12).

Кај гостите најефикасен беше Џејмс Лајф со 21 поен и Карлос Морбан со 15.

Следниот натпревар КК Куманово ќе го игра против екипата на Кожуф на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk