Кошаркарите ја започнаа сезоната со пораз

14.10.2015 13:02 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Кавадарци каде што беа поразени од екипата на Фени Индустри.

Кошаркарите ја започнаа сезоната со пораз

Куманово беше подобар во пријателскиот натпревар со Фени, меѓутоа очигледно тимот од Кавадрци бил одлично спремен за овој дуел. Серијата од 16-0 на Фени беше доволна за да ги преброди сите обиди на Куманово за враќање во мечот.

Владимир Ивеља со 21 поен беше најефикасен во тимот на победникот. За Куманово Урош Луковиќ постигна 30 поени и 12 скока.

Куманово минатата сезона ги победи сите натпревари против Фени Индустри, па затоа во јавноста овој пораз одекна како изненадување.

Со ова се комплетираше првото коло од кошаркарското првенство. Следниот натпревар Куманово ќе игра на домашен терен против екипата на МЗТ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk