Кошаркарите ја започнуваат сезоната против Теодо

10.10.2016 11:14 | KumanovoNews

Екипата на Куманово утре го започнува натпреварувачкиот дел од сезоната и на домашен терен ќе го пречека тимот на Теодо Тиват.

Кошаркарите ја започнуваат сезоната против Теодо

Теодо и Куманово речиси по правило мора да се сретнат во некоја фаза од регионалното натпрварување. Двата тима пружале занимливи натпревари во кој Куманово победувало по постигнати 15 „тројки“, а од друга страна Теодо знае да извојува победа во Спортската сала.

Куманово неодамна го комплетираше составот и нормално е да се очекуваат осцилации во играта. Теодо е редовен учесник во регионалното натпреварување меѓутоа никогаш не успеја да направи посериозен резултат.

Натперварот се игра во вторник во 19 часот, во Спортската сала во Куманово. Цена на билетот е 60 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk