Кошаркарите лесно и против Романија

18.07.2014 10:46 | KumanovoNews

Кошаркаската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на подготовките во Охрид каде вчера вечер ја совлада репрезентацијата на Романија до резултат 76-56.

Кошаркарите лесно и против Романија

Репрезентативците одиграа уште еден прекрасен натпревар  со затегната одбрана и убаво постигнати поени каде до израз дојде квалитетот на нашиот тим.

Најефикасен во нашиот состав беше Бојан Трајковски со постигнати 22 поени.

Денеска во 20.30 часот ќе се одигра и последниот натпревар од турнирот против екипата на Грузија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk