Кошаркарите на Куманово добија дресови од компанијата „Моцарт“

08.02.2021 12:12 | KumanovoNews

Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“, компанија „Моцарт“ обезбеди спортска опрема во повеќе од 40 спортски мали спортски колективи во државата.

Кошаркарите на Куманово добија дресови од компанијата „Моцарт“

Помеѓу нив се најде и кошаркарскиот клуб од Куманово.  Спортска опрема ќе добијат клубови кои тренираат: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други. Опфатени се различни категории, од јуниори до сениори, од клубови кои играат рекреативно до клубови кои се натпреваруваат во некоја професионална лига.

Клубовите изразија благодарност за донациите кои пристигнуваат на нивната адреса и се од голема важност за мотивацијата на младите играчи при остварување на своите цели.

Од менаџментот на компанијата посочија дека оваа кампања има за цел да ги поддржат локалните спортски клубови и да допринесат во развојот на домашниот спорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk