Кошаркарите на Куманово гостуваат во Кавала

04.04.2013 08:39 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово последниот натпревар од групата „Најдобри 6“ во Балканската регионална лига ќе го одигра во Кавала против истоимената грчка екипа со почеток во 16.30 часот.

Кошаркарите на Куманово гостуваат во Кавала

Ова е последен натпревар за македонскиот тим од регуларниот дел, бидејќи кумановчани ќе играат и на завршниот турнир каде противник во полуфиналето им е шампионот од ланската сезона Галил Гилбоа. Во второто полуфинале ќе играат две екипи од Бугарија, Левски – Рилски спортист

Денешниот натпревар е од формален карактер, а Куманово со победа ќе го обезбеди третото место.

Покрај овој натпревар денеска играат уште Галил Гилбоа – Рилски Спортист. Вчера Теодо загуби дома од Левски со 72:88.

Табела: Табела: Левски 8-2 (победи-порази), Галил Гилбоа6-3, Куманово 5-4, Рилски Спортист 4-5, Теодо 2-8, Кавала 3-6.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk