Кошаркарите на Куманово триумфираа во Битола

04.11.2010 21:23 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово 2009 ја извојуваа првата победа во шампионатот. Избраниците на тренерот Горан Димитријевиќ со резултат 62:77 ја совладаа екипата на Пелистер од Битола.

Кошаркарите на Куманово триумфираа во Битола

Кошаркарите на двете екипи одиграа квалитетен и неизвесен натпревар, кој беше решен во корист на гостите во последната четвртина. Резултатот на полувреме беше 29:31 за Куманово, а победата стигна благодарејќи на квалитетот на екипата и поголемиот број на резервни играчи.

Задоволството и радоста од долго очекуваната победа не ја криеја играчите и раководството на клубот. Тие се оптимисти и за наредниот натпревар против Прилеп.

Ова е увертира пред натпреварот во сабота против Ултимејт Баскет од Прилеп. Со овој квалитет и расположение очекуваме да ја забележиме и втората победа. Затоа ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и заедно да ја прославиме првата голема победа на домашен терен - изјави Младен Давидовиќ, директор на клубот.

Најефикасни на натпреварот во Битола и овој пат беа Дарко Матиќ со 21 поен и Ратко Петриќ со 20.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk