Кошаркарите по победа во Сарај

11.02.2012 13:46 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово по победата над Фени ќе се обидат во Сарај против Лирија да обезбедат нова победа, која ќе им ги зголеми шансите за натамошно натпреварување.

Кошаркарите по победа во Сарај

Лирија се наоѓа на четвртата позиција на табелата со два бода повеќе од Куманово па победа на кумановчани би значело и вмешување во првата четворка во Супер-лигата.

Во тимот владее одлична атмосфера. Успеавме да наредиме три победи по ред, играме доста добро и тимски и верувам дека имаме сили да ја продолжиме оваа серија - изјави за МКФ, Александар Костовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk