Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Машката кошаркарска репрезентација победи во вториот меч против селекцијата на Катар. Ова беше последна проверка пред мечот во Киев што ќе се игра на 2. август против селекцијата на Украина.
Конечниот резултат на натпреварот беше 79:61, и не беше толку убедлив како на првиот меч(88:60) со оглед на тоа што се испробуваа повеќе варијанти во нападот, одбраната како и двата нови репрезентативци, Грин и Мекејлеб.
Гечевски и Антиќ беа најефикасни со 18 односно 16 поени, а 11 постигна американецот Грин. Ова беше втор меч кој Грин го играше за Македонија, додека Мекејлеб влегуваше во игра од клупата.
Најаефикасен кај Катар беше Албан со 22 поени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk