Кошаркарите поразени во Аеродром

23.12.2010 17:05 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово сепак не успејаа да направат ново изненадување. Вчера кумановчани доживејаа пораз во Аеродром со резултат 101:86.

Кошаркарите поразени во Аеродром

Кошаркарите на МЗТ Скопје воспоставија контрола од почетокот на натпреварот и не дозволија изненадувања до крајот. Почетните минути резултатот беше тесен, за да од почетокот на втората четвртина до крајот на натпреварот разликата да изнесува петнаесетина поени.

Најефикасни поединци за МЗТ беа Кирил Николовски со 26 поени 11 скока и Јане Николовски со 22 поени и 5 асистенции. Кај Куманово, најефикасен повторно беше Дарко Матиќ со 22 поени.

Следниот натпревар Кумановчани ќе го играат следната среда против Пелистер на домашен терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk