Кошаркарите поразени во своето домашно деби

17.10.2010 12:11 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово во првиот меч пред домашна публика, беа поразени од Фени Индустри со резултат 86 - 62.

Кошаркарите поразени во своето домашно деби

Пред речиси полната сала, нашите кошаркари започнаа одлично, и во првото полувреме целосно и парираа на екипата на Фени. Резултатот после првата четвртина беше 18 - 17, а на полувреме водството го зголемивме на 34 - 29. Сепак, лошо одиграната трета четвртина, и подолгата клупа на гостините беа пресудни за конечниот исход, па кумановчани го забележаа и вториот пораз оваа сезона.

Најефинасен кај домаќините беше Дарко Матиќ со 17 поени, а најзабележителни на теренот беа плејмејкерот Радојичиќ Никола со 11 поени, и центарот Ратко Петриќ кој забележа 12 поени и 10 скока. Кај гостите најефикасни беа Соколов и Фрај со 14 поени.

Следниот натпревар Куманово го игра на гости против екипата на АБА Струмица, каде ќе ја бара својата прва победа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk