Кошаркарите предноста ќе ја враќаат во Градски парк

29.04.2016 11:28 | KumanovoNews

Денеска од 19 часот се игра вториот четвртфинален натпревар помеѓу екипите на Работнички и Куманово.

Кошаркарите предноста ќе ја враќаат во Градски парк

Најтрофејниот Македонски кошаркарски клуб успеа да направи изненадување во првиот натпревар и ја анулираше предноста што Куманово ја стекна во регуларниот дел од сезоната. Кумановчани имаа само троица двоцифрени кошаркари во првиот напревар и ќе мора да го искористат целиот свој потенцијал доколку сакаат да поведат во оваа серија.

Куманово е фаворит за учество во следната фаза и тимот од Градски парк ја препушта фаворитската улога, но од друга страна Работнички најавува дека ќе се обиде да направи ново изненадување во вториот дуел.

Натпреварот започнува во 19 часот со пренос на МРТ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk