Кошаркарите со победа ја започнаа новата сезона

08.10.2018 12:24 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово забележаа победа во првиот натпревар од новата сезона, совладувајќи го тимот на Вардар со 77-85.

Кошаркарите со победа ја започнаа новата сезона

Тимот од Скопје беше достоен противник само во првата четвртина, кога Куманово имаше само 3 поени предност. Потоа гостинскиот тим го скрши отпорот, дојде на двоцифрена предност која вардарци успеваа да ја смалат, но никако и да го вратат мечот во нивна корист. Мирко Ковач постигна 20 поени, додека Филип Думиќ и Игор Пенов го завршија натпреварот со 17 поени.

За Вардар Јиниус Провел постигна 32 поени.

Куманово следниот меч го игра на домашен терен против тимот на Гостивар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk