Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската кошаркарска репрезентација со победа над Украина, ги започна квалификациите за Европското Првенство. Конечен резултат на натпреварот е 58:71.
Нашите репрезентативци поведоа со резултат 11:4 но украинците успејаа брзо да се соземат и да го завршат првиот период со 22:17, а првото полувреме да биде 1 поен преднос за домаќинот.
Победата на македонскиот состав ја најави капитенот Перо Антиќ кога нашата репрезентација поведе со 60:58. Во финишот на натпреварот прецизни зад линијата од 3 поени беа В.Стојановски и Соколов.
Антиќ и Гечевски беа најефикасни во нашиот тим со 26 поени односно 16. Кај украинците единствени со двоцифрен учинок беа Лукшов(12) и Линшчук(11).
На 5.август Македонија ја пречекува Унгарија во салата Борис Трајковски(20:45).
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk