Кошаркарите утре гостуваат на МЗТ Скопје

26.04.2013 09:58 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре во 19:30 гостуваат на шампионот на Македонија и учесник во Јадранската лига, екипата на МЗТ Скопје.

Кошаркарите утре гостуваат на МЗТ Скопје

Ова ќе биде трета средба на овие две екипи оваа сезона. Најпрвин се сретнаа во рамките на Купот на Македонија каде што малку недостасуваше Куманово да направи сензација. Неколку дена подоцна, овие две екипи одиграа натпревар од Супер-лигата каде што кумановчани забележаа пораз и го изгубија Ивица Димчевски.

Дека МЗТ Скопје не е непобедлив покажува минатото коло, каде што екипата на Кожув успеја да му го нанесе првиот пораз на МЗТ оваа сезона. Тодор Гечевски е повреден од минатиот натпревар и неговиот настап е сеуште неизвесен, па МЗТ за нијанса ќе биде послаб на центарската линија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk