Кошаркарките стартуваат против Португалија

07.06.2013 08:46 | KumanovoNews

Женската кошаркарка репрезентација денеска во Рамла, Израел, ги почнува претквалификациите за Европското првенство 2015 година.

Кошаркарките стартуваат против Португалија

Противник на нашите кошаркарки ќе бидат ривалките од Португалија.

Досега имаме одиграно два натпревара со Португалија во квалификациите и двапати бевме поразени (67:81 и 52:79) во 2004 и 2005 година.

Почетокот на натпреварот е во 16 часот и 45 минути. Пред овој дуел во групата Д играат домаќинот Израел и Германија.

Ова е една од четирите групи што се играат во „првиот филтер“ квалификации, а победниците од групите ќе формираат група од која само првата репрезентација ќе се пласира на ЕП 2015.

Сите други репрезентации, како и најслабите од ЕП 2013 што се игра од 15-30 јуни ќе играат квалификации следната година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk