Кошаркарските екипи од Куманово на гостување овој викенд

25.10.2013 14:16 | KumanovoNews

Кошаркарските екипи од Куманово, овој викенд играат ново коло од кошаркарските лиги во Македонија и сите три екипи играат на гостински терен.

Кошаркарските екипи од Куманово на гостување овој викенд

Кошаркарите на Куманово утре во 20 часот гостуваат во Гратски Парк, каде што ќе се сретнат со екипата на Рабонички. После двете стартни победи во првенството и триумфот во БИБЛ лигата, ова е вистински тест за формата и квалитетот на кошаркарите на Куманово 2009.

После поразот во првиот натпревар, кошаркарите на КСК 2013 ќе имаат тешка задача првата победа да ја забележат против тимот на Водњански Лисици. Скопскиот претставник веќе неколку години има пристојна екипа во Втора лига, а минатата сезона ја заврши како петто пласиран. Овој натпревар ќе се одигра во недела во 14 часот.

Тимот на КК Михајловски утре своето прво гостување го има во Кочани, каде што ќе се сретнат со екипата на Баскет Дино. Михајловски се првопласирани на табелата, додека тимот од Кочани е трет поради послабата кош разлика. Овој натпревар се игра утре во 19:30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk